• Саше Љолес
Дел од италијанските и англиските медиуми објавија дека управата на Милан нема намера да го откупи договорот на Жоао Феликс и тој ќе се врати во Челзи веднаш откако ќе му заврши позајмицата.
Португалецот делуваше дека може да биде солидно засилување за „росонерите“ и на теренот изгледаше солидно во првите 2-3 натпревари, но потоа се вклопи во сивилото на тимот и досега впиша само еден гол на девет настапи.
Милан сигурно нема да исплати сума од 45 милиони евра за негов трансфер, што значи дека Феликс ќе се врати кај лондонските „сини“, каде повторно ќе се бори за првотимски статус или можеби ќе биде испратен во нова средина.