• Мартин Танасковски
Иако голема беше желбата, браќата Мбапе ќе почекаат на меѓусебната пресметка во Лигата на шампионите.
Екипата на Лил ќе биде домаќин на актуелниот првак Реал Мадрид, во претстојното 2. коло од новиот формат на лигашката фаза од „турнирот на богатите“, а натпреварот нема да ја пренесе очекуваната пресметка на двајцата браќа Мбапе.
Килијан и Итан, кои до минатата сезона го носеа дресот на Пари Сен Жермен, сега се членови на Реал Мадрид и Лил. Сон на 17-годишниот Итан беше да игра против братот во елитата, но такво нешто нема да има затоа што тинејџерот се повреди.
Натпреварот меѓу Лил и Реал Мадрид се игра од 21:00 часот.