Ништо од Шпанија, Барди дефинитивно останува во Турција!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди ќе остане да игра фудбал во Турција, каде во иднина ќе го носи дресот на Бодрумспор.

Се тврдеше дека Барди се враќа во Шпанија, но нема да дојде до такво нешто. 27-годишникот имал средба со челниците на Бодрум со кои ги договорил сите детали и во текот на денот се очекува да пристигне во клубот на медицински прегледи, ексклузивно објавија од Турција.

Бодрумспор е на 16-тото место во турската Суперлига и до крајот го чека битка за опстанок. Македонскиот играч во Турција оваа сезона настапи на само осум натпревари.

Енис Барди во Трабзон дојде во 2022 година од Леванте, а претходно играше за унгарски Ујпешт, шведски Преспа Бирлик, како и младинските тимови на Брондби и Шкупи.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.