Ништо од посериозна казна, Жоао Феликс на „ладење“ само два меча

Португалскиот напаѓач Жоао Фелик одигра само 18 минути на дербито меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао, затоа што само што влезе во игра, поради груб фаул, а потоа и поради дофрлување до судијата беше испратен во соблекувалната.

Медиумите во Шпанија го осудија овој потег на младиот напаѓач и предвидуваа дека може да добие казна од дури дванаесет натпревари, но не се случи тоа.

Конечната одлука за суспензијата на Португалецот пристигна денес, и таа изнесува „само“ два натпревари, па тоа значи дека нема да игра вечерва на гости кај Хетафе и за викендот против Алавес.

21-годишниот Португалец оваа сезона забележа само два настапи во Примера и сè уште е без погодок, додека минатата сезона беше стрелец на седум гола и пет асистенции на 31 натпревар во лигата.