Ништо од оставка, Бартомеу останува на чело на Барселона!

Бартомеу

Претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу, ќе продолжи да ја извршува оваа функција. Тоа беше одлучено на денешниот состанок со бордот на директори на каталонскиот клуб.

Се шпекулираше дека тој ќе си замине и ќе поднесе оставка, но тоа засега нема да се случи. Некои фудбалери како и фановите упорно бараат тој да го ослободи претседателското место, со надеж дека наследникот ќе донесе позитивни промени.

57-годишникот ќе почека до референдумот кој би требало да се случи на почетокот на ноември за да ја донесе конечната одлука. Ако здравствените услови го овозможат одржувањето, ќе биде познато последното мислење околу иднината на првиот човек на Каталонците.

Поради лошата политика која ја води Барса, дури и Лионел Меси посака да си замине. Најдобриот фудбалер на екипата се наоѓа во завршната фаза од кариерата и не планира залудно да ги троши последните фудбалски години.