Ништо од Леверкузен, Сеск Фабрегас ќе го создава „европскиот“ Комо!

Управата на италијанскиот прволигаш, Комо, објави дека тренерот Сеск Фабрегас нема да замине од клубот летово и ќе продолжи да го води тимот и следната сезона. 

Деновиве силно се шпекулираше за заминување во Баер Леверкузен, каде би го заменил Чаби Алонсо, но Фабрегас одлучил да остане во Комо и да создаде тим кој следната година би ги „нападнал“ позициите кои водат во Европа. 

Клубот сезонава бележи солидни резултати и изби во горната позиција на табелата, а тоа се должи на успешната работа на Фабрегас, за кого навивачите на Комо имаат огромна почит. Се најавуваат неколку звучни и квалитетни засилувања во текот на преодниот рок, со кои екипата би била уште поконкурентна во најсилното италијанско фудбалско друштво.