Ништо од Катар, Шпанија ќе ја игра „Финалисима“ на домашен терен?

Овогодишното издание на Финалисима, натпреварот кој ги „спојува“ шампионот на Европа и шампионот на Јужна Америка, може да биде преместен на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Првично, мечот требаше да се одигра на „Лусаил“ стадионот во Катар, но безбедносните причини доведоа до разгледување на нова локација.

„Бернабеу“ се издвојува како најсериозна алтернатива поради големината, безбедноста и искуството со големи натпревари, иако аргентинската федерација не е целосно задоволна, бидејќи тоа би претставувало домашен терен за селекцијата на Шпанија. 

Сè уште нема официјална потврда, но последните информации укажуваат дека Мадрид е фаворит за домаќин на престижниот дуел, кој ги собира најдобрите селекции од двата континента во еден спектакуларен натпревар.