• Иван Димовски
Фудбалерите на Интер Мајами доживеаја елиминација во полуфиналето на Купот на шампионите, откако вторпат загубија од Ванкувер Вајткепс (1-3) и со вкупни 1-5 го загубија двомечот во Купот на шампиони на КОНКАКАФ.
- Извештај од натпреварот:
Натпреварот од елитното натпреварување на Северна и Средна Америка плус Карибите им припадна на Канаѓаните и покрај лошиот старт. Надежите за тимот од Флорида ги врати Жорди Алба со погодок за 1-0 и преполовување на негативата од првиот меч уште во деветтата минута. Овој резултат беше активен и на полувремето, а потоа следуваше пресврт.
Набрзина фудбалерите на Ванкувер со два гола во 51. и 53. минута шреку Вајт и Вите стигнаа до 1-2. Во продолжението Берхалтер стави точка на победата во 71. минута за конечни 1-3 и убедлив триумф во двомечот.
Во финалето Ванкувер Вајткепс ќе играат со подобриот од двомечот меѓу Круз Азул и Тигрес кои реваншот го играат ноќта меѓу четврток и петок, а првиот меч заврши 1-1. Ова натпреварување кое своевремено беше Лига на шампиони на овој континент ќе добие нов владетел, поради отсуството на ланскиот освојувач Пачука.

