Ништо од Истанбул: Финалето во ЛШ ќе се игра во Англија!?

Челзи и Манчестер Сити ќе играат во финалето во Лигата на шампионите, но овој натпревар според најавите може да не се одигра на планираната локација која ја имаше предвидено УЕФА, тоа е Истанбул.

Причината за тоа е што Турција, која е домаќин-земја на финалето на двата премиерлигаши, се наоѓа на „црвената листа“ за патувања на Обединетото Кралство. Тоа значи дека фудбалерите по дуелот на „Ататурк“ ќе мора да одат во десетдневен карантин, а тоа не им одговара на клубовите. Исто е и со навивачите, кои од Англија сакаат да допатуваат на мечот за титула доколку има опција за тоа.

Владата на Англија води активни преговори за да се промени местото на одигрување на натпреварот, а како опција е понудена земјата на „гордиот албион“. Засега, не е познато кој стадион е опција за финалниот меч.

Финалето во ЛШ е предвидено да се игра на 29 мај.