• Горан Упале
Со синоќешната победа против Монтереј, Борусија Дортмунд обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави, и закажа соочување со Реал Мадрид. Сепак, претстојниот натпревар во Њујорк нема да го донесе очекуваниот и посакуван дуел меѓу браќата Џоб и Џуд Белингем.
„Виновник“ е помладиот, од редовите на германскиот клуб, бидејќи доби жолт картон на претходно споменатиот осминафинален натпревар, па поради акумулација на картони, тој нема да има можност да се „измери“ со својот постар брат од соблекувалната на шпанскиот гигант.
19-годишниот Џоб и три години постариот Џуд фудбалските почетоци ги минаа во младинската академија во Бирмингем, а двата, откако решија да ја напуштат Англија, се преселија во Борусија Дортмунд. Џоб уште играше за Сандерленд, додека Џуд веќе втора сезона го носи дресот на Реал Мадрид.





