Ништо од Европа, Пол Погба се сели во американската МЛС лига?

Иако се шпекулираше дека Французинот Пол Погба ќе се врати во родната земја и ќе настапува за Олимпик Марсеј, сепак, новите информации од американските медиуми говорат нешто сосема поинакво. 

На Погба му истече суспензијата поради користење допинг и веќе може да преговара со клубовите, а најсериозен кандидат за неговиот потпис се чини дека е американскиот ДЦ Јунајтед, кој веќе ги започнал преговорите со агентите на фудбалерот. 

Се претпоставува дека Погба добил понуда за двегодишна соработка и плата од 2,5 милиони евра по сезона, со дополнителни бонуси кои можат да ја зголемат сумата за околу 50 проценти. Французинот изјавуваше дека би сакал да остане во Европа, но доколку не пронајде соодветен ангажман, ништо чудно следната сезона да го гледаме во МЛС лигата. 

Погба во кариерата играше за Јувентус и Манчестер Јунајтед, а со репрезентацијата на Франција го освои Светското првенство во 2018 година.