Ништо од двојната круна за Спортинг, Порто го освои Купот на Португалија

Фудбалерите на Порто се освојувачи на Купот на Португалија откако во финалниот меч на стадионот „Национал“ во Оеирас по продолженијата го совладаа големиот ривал Спортинг со 2-1.

Спортинг поведе во 20. минута со голот на Џеремаја Жусте, а Еванилсон израмни пет минути подоцна. Можеби клучниот момент на натпреварот се случи во 33. минута кога Жусте заработи црвен картон.

Холандскиот дефанзивец направи прекршок како последен одбранбен играч, а судијата Фабио Верисимо покажа на белата точка, и му додели црвен картон на Жусте. Сепак, по проверката на ВАР, тој ја поништи одлуката за пенал, бидејќи фаулот беше надвор од шеснаесетникот. Но, црвениот картон остана.

До крајот на натпреварот мрежите мируваа, па се отиде во продолженија, а решавачкиот гол беше постигнат во 100. минута. Голманот Диого Пинто го собори Еванилсон, а Мехди Тареми беше сигурен изведувач од белата точка.

За Порто тоа е дваесетта титула во Купот, додека Спортинг остана на седумнаесет. Рекордер е Бенфика со 26 титули.

Состави

Vitor Bruno

4-4-2

    Рубен Амурим

    4-4-2