ВИДЕО: Ништо од дерби, Борусија Дортмунд со четири гола го „почести“ Баер Леверкузен!

Германскиот вицешампион Борусија Дортмунд брзо се созеде по болниот пораз од Унион Берлин во претходното коло на Бундеслигата и без многу проблеми ја забележа третата победа во новата сезона. 

Иако се очекуваше да биде дерби со голема неизвеснот, „милионерите“ рутински го надиграа големиот ривал Баер Леверкузен и извојуваа победа од сигурни и заслужени 4-0. 

  • Извештај од натпреварот: 

Стартот на мечот им пропадна на гостите, кои беа поконкретни во нападите. Но, Борусија ја креираше првата вистинска шанса кој во гол ја претвори шпанскиот напаѓач Пако Алкасер, за 1-0 за домашната екипа. Ништо не се промени ниту во вториот дел, Баер Леверкузен повторно беше поактивен, но повторно се тресеше мрежата на Храдецки. На 2-0 зголеми Ројс, потоа погоди и Португалецот Гереиро во 83. минута, а конечните 4-0 ги постави капитенот Ројс.

Од денешната попладневна програма на Бундеслигата домашна победа извојуваа уште Аугсбург над Ајтрахт Франкфурт (2-1) и Мајнц над Херта (1-0).

Вердер Бремен и Борусија Менхегладбах славеа на гости кај Унион Берлин и Келн.

Попладнево се игра големото дерби меѓу РБ Лајпциг и Баерн Минхен.