• Мартин Танасковски
Екипата на Селтик е доминатор во шкотскиот фудбал, а тоа го покажа со убедливата победа над големиот ривал Глазгов Ренџерс (3-0) во култното „Олд Фирм“ дерби, прво за оваа сезона во шкотскиот фудбал.
И каде што застана старата сезона, така продолжи и новата кога се говори за дуелите на големите ривали во земјата. „Детелинките“ пукаа од сите страни и Ренџерс може да биде среќен затоа што не доживеа повисок пораз.
Уште во 11. минута Селтик даде гол преку Фурухаши, но беше поништен со ВАР поради офсајд. Но, се играше 17. минута кога Маеда донесе предност, а пред крајот на првиот дел Фурухаши реагира подобро и зголеми на 2-0. Во вториот дел, поточно во 75. минута, Мекгрегор ги постави конечните 3-0.
Селтик по четири кола во Шкотска има четири победи и заедно со Абердин се максимални на врвот на табелата. За Ренџерс ова беше прв пораз, или втор кикс по ремито со Хартс.