Ништо не зависи од Ливерпул, но шанси сè уште постојат

Ситуацијата е идентична како и пред три години. На коло пред крајот на шампионатот, Ливерпул не зависи од самиот себе. Гледа во грбот на Манчестер Сити од кој има бод помалку, се надева на негов кикс и истовремено го пречекува Вулверхемптон.

Тогаш, во 2019 година, „црвените“ рутински ги победија „волците“, но не ја добија наклонетоста на Брајтон. „Галебите“ им дадоа надеж на Јирген Клоп и неговото друштво, но тоа траеше само десет минути. Овојпат на „Енфилд“ ќе ги слуша случувањата од „Итихад“ каде гостува Астон Вила. Причина повеќе за оптимизам во таборот на Ливерпул, имајќи предвид дека клубот од Бирмингем крај теренот го предводи Стивен Џерард, а таму го води Филипе Кутињо, поранешни жители на „Енфилд“.

Сите квоти во МОZZART за натпреварот Ливерпул - Вулверхемптон

Но, иако „црвените“ нема да можат да седат со скрстени раце, впечатокот е дека во последното коло ги чека зицер. Прашање е само дали и колку Клоп сака да го искористи. Затоа што со изборот на играчи во последното коло како да сакаше да каже дека изгубил секаква надеж дека ќе може да ја освои титулата. Замина во Саутемптон без Мане, Диаз, Тиаго Алкантара, Фабињо, Робертсон и Александар Арнолд, што на некој начин има смисла, со оглед на тоа што за една недела е финалето во Лигата на шампионите, а Германецот веројатно не сакаше во болницата на Ливерпул каде се Салах, Фабињо и Ван Дајк да има уште некој друг. Сепак, резервистите на Клоп успеаја да направат пресврт и да му дадат шанса да има на што да се надева во последните деведесет минути. 

Сите квоти во МОZZART за останатите натпревари во Премиер лигата

Вулверхемптон, пак, нема резултатски мотив, а го загуби во серијата од шест првенствени натпревари без победа во кои меѓу другото загуби од Барнли, прими пет гола од Сити, ги подели бодовите со Норич... Згора на тоа, откако се врати во Премиер лигата пред четири години, не постигна гол во Ливерпул.