Ништо не е случајно: Јамал и пред една година ѝ даде ист гол на Французите (ВИДЕО)

Суперталентираниот Шпанец, Ламин Јамал, стана најмладиот стрелец во историјата на Европските првенства. Голот што го постигна во полуфиналето со Франција е посебна приказна, а љубителите на фудбалот едноставно се одушевени од настапите на младиот ас.

Сепак, оние кои повнимателно ја следат кариерата на ова 16-годишно момче, воопшто не се изненадени, бидејќи тој постигна идентичен гол како овој со Франција и во полуфиналето на Европското првенство до 17 години и тоа токму против француската селекција.

Кога ќе ги споредите головите, се гледа дека се речиси идентични, што би рекле „Copy-Paste“.