Ништо не е готово: Ла Лига ја обжали одлуката за регистрација на Олмо и Виктор!

Раководството на Ла Лига одлучи да ја обжали одлуката на Високиот спортски совет во врска со регистрацијата на играчите на Барселона, Дани Олмо и Пау Виктор.

Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација ја одбија регистрацијата на играчите на Барселона, Дани Олмо и Пау Виктор, но нивната одлука беше поништена од Високиот спортски совет, кој даде зелено светло за регистрација на двајцата играчи.

Тоа не му се допадна на Атлетико Мадрид и јавно реагираше. Тие изразија силен протест против одлуката, а истото го решија и челниците на Ла Лига. „Мундо Депортиво“ открива дека на одлуката ќе биде поднесена жалба до Високиот совет за спорт и ќе биде потпишана лично од претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Така, во наредните денови Дани Олмо, Пау Виктор и борбата на Барселона за регистрација би можела повторно да биде во фокусот на вниманието. Ла Лига само бара да се почитуваат одлуките и тие да бидат што е можно пофер кон сите.