• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски повторно е слободен, затоа што не го продолжи договорот со унгарскиот тим Нирегихаза.
Велковски пристигна во клубот во јануари, потпиша шестмесечен договор и доби шанса да се афирмира во унгарскиот фудбал. Се течеше во најдобар ред, Велковски беше играч на мечот со Дебрецен и во ремито со Кечкемет, но пред неколку натпревари стоперот доживеа тешка повреда која го испрати на мирување шест месеци.
Со оглед на неговата здравствена состојба, од Нирегихаза одлучија да не го продолжат договорот, иако навивачите беа задоволни од играчот и неговите изданија во унгарскиот шампионат.
Последен клуб на Велковски пред Нирегихаза беше романски Динамо Букурешт од каде си замина во јули 2024 година. Низ кариерата беше дел и од Ал-Етифак од Саудиска Арабија, хрватска Ријека, како и македонските Вардар и Работнички.
ФОТО: Nyíregyháza Spartacus FC / Facebook
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.


