• Зоран Мишевски
Атлетик Билбао ја совлада Севиља со 0-1 (0-0) на гостински терен во натпреварот од 28. коло на Примера. Стрелец на единствениот гол за Атлетик Билбао беше Џерај Алварез во 84. минута.
Избраниците на Ернесто Валверде беа подобриот противник попладнево, имаа позрели можности, а Весга промаши промаши пенал во продолжението од првото полувреме. Претходно, Саул Нигез играше со рака и судијата не се двоумеше да покаже на белата точка. Сепак, голманот Ниланд го прочита Весга и го одбрани неговиот удар од единаесет метри.
Ниланд собра уште неколку добри одбрани, од кои најдобрата беше во 63. минута кога од непосредна близина одбрани одличен обид на Ињаки Вилијамс. Сепак, Ниланд не можеше да направи ништо во 84. минута кога Беренгер нафрли, а Џерај беше највисок на одбиената топка и погоди за три бода.
Атлетик Билбао до крајот го задржа водството и четвртото место на табелата со 52 бода, четири помалку од Атлетико Мадрид, кој има натпревар помалку, и осум повеќе од Виљареал и Бетис. Севиља остана на деветтата позиција со 36 бодови.