• Сашо Поповски

Младинскиот репрезентативец Анџело Николовски беше еден од најактивните фудбалери на екипата на Брегалница Штип во есенската полусезона.
Според минутажата беше втор меѓу соиграчите, а помогна да се освои првото место на табелата во ВМФЛ - Исток со осум асистенции. Неговиот тим е гладен за успех и посакува наредната сезона да биде дел од македонската елита.
„Задоволен сум од досегашните подготовки. Се одвиваат на високо ниво. Работиме максимално на тренинзите. Со ваква работа убеден сум дека ќе го задржиме првото место на табелата и од идната сезона ќе играме во Првата лига, што е и наша цел. Само треба да продолжиме со силниот ритам, без застој, како и досега“ , вели младиот фудбалер на штипјани.
Брегалница ќе ја пречека Победа во 17. коло, прво во пролетниот дел од сезоната.