• Мартин Танасковски

Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа пораз од Луксембург (2-3) во натпреварот на СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, а ако е за утеха, вториот гол на нашиот национален тим беше мала мајсторија.
Дефанзивката Павлина Николовска изведе слободен удар откосо и успеа да ги надмудри противничката голманка и одбраната кои не ја следеа ситуацијата.
- Голот на Николовска против Луксембург:
Интересно е што и првиот гол на Македонија беше од прекин, а го постигна Гентијана Рочи. За Македонија ова беше трет пораз во квалификациите за СП 2023 и тимот има три освоени бода.