Николов: Среќен сум за голот, чудото во Мадрид не беше случајно, одиме во ЛЕ!

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов постигна погодок за Шериф против Шахтјор Доњецк (1-1) и донесе бод и финансиска заработка за својот тим на крајот од групната фаза во Лигата на шампионите.

Молдавскиот тим со деби-учеството во елитата не се посрамоти. Приреди неколку резултатски изненадувања, како ова последното со Шахтјор, на кое творец беше Николов кој го даде голот-првенец во елитата во 93. минута.

„Многу сум среќен за голот, за мојот тим и за резултатот. Голот кој го дадов, кој и да го постигнеше немаше да биде незаслужен затоа што игравме доста добро против одличен противник како Шахтјор. Посебно во вториот дел кога 25 минути игравме на нивната половина, а знаеме какви играчи имаат тие. Исто го имаат и Де Зерби, феноменален тренер, кој е скоро втор Гвардиола. Ние се боревме до крајот против технички квалитетен тим и важно е што направивме резултат“, изјави Николов.

Групната фаза се заврши на третото место, тоа носи пласман во плеј-офот од Лигата на Европа каде ривал ќе биде еден од второпласираните екипи во групите.

„Ја затворивме ЛШ баш онака како што сакавме. Оставивме добар впечаток во силна група. Приредивме чудо против еден Реал Мадрид, па така мислам тоа беше неслучајно, се докажува нашиот квалитет со третото место во нашиот деби-настап во ЛШ. Сега сме фокусирани на Лига Европа“, заврши македонскиот репрезентативец.

Бобан Николов во редовите на Шахтјор пристигна за време на летниот преоден рок и неговиот тим беше вистинско европско фудбалско изненадување. Изборот да потпише во Молдавија се покажа како точен, а дојде од редовите на италијански Лече.

Состави

Roberto De Zerbi

4-1-4-1

    Yuri Vernydub

    4-3-3