• Зоран Мишевски
Бобан Николов се враќа во унгарскиот фудбал. Македонскиот репрезентативец потпиша за унгарскиот клуб Кишварда. Тој е втор Македонец во овој клуб, по младинскиот репрезентативец Марио Илиевски.
„Среќен сум што се враќам во Унгарија, каде играв најдобро во мојата кариерата. Сакам пак да играм фудбал на нивото на МОЛ Фехервар. Ми требаат две-три недели за комплетно да го достигнам нивото на подготовка.
Ја паметам Кишварда како многу незгоден тим против кој тешко се играше“, рече Николов.
29-годишниот играч за врска е дете на Брегалница Штип. Сениорската кариера ја започна во Виторул Констанца. Потоа настапуваше за Вардар, Фехевар, Лече и Шериф, а минатата сезона го носеше дресот на романскиот гигант Стеауа.