• Зоран Мишевски
Скоро сите македонски репрезентативци кои немаа клубови пронајдоа нова систематизација. По Спировски и Ристевски, сега и Бобан Николов има нов клуб. Според романските медиуми сите формалности се дефинирани и фудбалерот за врска пак ќе заигра во шампионатот на Романија.
Николов ќе го носи дресот на ФЦСБ од Букурешт, клуб кој е наследник на славната Стеауа. По една сезона мината во Шериф Тираспол и настап во групната фаза на Лигата на шампионите, Николов најмалку една сезона ќе игра за ФЦСБ.
Штипјанецот во Романија веќе играше за Академијата на Хаџи и Виторул Констанца, а ги носеше дресовите на Вардар, МОЛ Фехервер и Лече.
28-годишниот Николов го носеше дресот на националната репрезентација 46 пати.