Николов пристигна во Сондерјиске: „Добивме вреден фудбалер, со добро око за игра“

Уште една голема македонска фудбалска надеж, досегашниот капитен на Брегалница, Иван Николов својата кариера ја продолжува на интернационалната сцена и денес и официјално стана нов член на данскиот клуб Сондерјиске. 

Спортскиот директор Есбен Хансен го поздравува доаѓањето на репрезентативецот на Македонија до 21 година.

„Во Иван Николов добиваме вреден играч за врска со добро око за играта. Тој е редовен член во македонскиот младински репрезентации, а кога е капитен на својата екипа на 21 година, тоа кажува нешто и за неговите квалитети и фудбалски и психички. Го поздравуваме доаѓањето на талентираниот играч кој ќе придонесе за нашиот веќе силен среден ред“, вели Есбен Хансен.

Иван Николов во понеделникот пристигна во Сондерјиске Фодболд, каде што по извршените лекарски прегледи потпиша договор на три години.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.