Николов: Покажавме дека неслучајно сме дел од Лигата на шампионите

Николов

Бобан Николов беше херој на Шериф во ремито против Шахтјор. Македонскиот интернационалец погоди во завршницата и обезбеди голем бод за молдавскиот првак.

ВИДЕО: Николов во 93. минута му донесе реми на Шериф кај Шахтјор!

По мечот играчот за врска изрази задоволство за начинот на кој што неговата екипа ја одигра групната фаза во Лигата на шампионите.

„Среќен сум за резултатот кој го оствари мојот тим. Никогаш не е важно кој ќе погоди. Не се исплашивме од Шахтјор и доминиравме во второто полувреме. Се боревме до крај и успеавме да запишеме позитивен резултат. Ја затворивме групната фаза како што посакувавме. Мислам дека оставивме добар впечаток во оваа тешка група. Победивме кај Реал Мадрид и сакавме да покажеме дека не сме случајно во ова натпреварување“, рече Николов.

Тимот од Тираспол ја продолжува европската авантура во второто по ранг натпреварување, Лига Европа.