Николов покажа „гол-чувство“: Се претстави во Радник со хет-трик! (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Иван Николов на својот прв старт во дресот на Радник Бијелина во Купот на Босна и Херцеговина постигна хет-трик. Откако дебитираше против Сараево како резервист, Македонецот се најде меѓу стартерите за дуелот со Крушево во Купот и перфектно одговори на задачата. 

Николов го отвори резултатот во 35. минута откако се најде на вистинското место по една одбиена топка од стативата и ја смести во мрежата на гостите за 1-0. На стартот на вториот дел македонскиот играч за врска успеа да ја удвои позитивата. Николов доби топка на работ од шеснаесетникот и со убав удар го матира гостинскиот голман (2-0). 

Подоцна во натпреварот Иван Николов стави точка на победата, бидејќи во 91. минута по една акција само ја втурна топката во мрежата, меѓутоа покажа неверојатно „гол-чувство“ и беше на вистинското место во вистинското време во три ситуации. 

  • Трите гола на Иван Николов за Радник:

Инаку, Николов пристигна во Радник од редовите на Сондерјиске на крајот на преодниот рок во јануари.