ВИДЕО: Николов и Видеотон немоќни, Ференцварош на Спировски ги стави рацете на титулата

Најтрофејниот унгарски клуб на сите времиња Ференцварош се наоѓа на чекор до титулата во унгарскиот шампионат. Екипата во која игра македонскиот репрезентативец Стефан Спировски забележа голема победа во дербито со актуелниот првак Видеотон на Боби Николов со 4-1 (1-1).

Македонскиот репрезентативец одигра 63 минути и беше заменет со Бугаринот Миланов како тактичка жртва по црвениот картон на Анел Хаџиќ. Стрелци на головите за „зелено-белите“ беа Нгуен, Харатин и два гола на Италијанецот Ланзафаме. Единствениот гол за Видеотон го постигна Луик Него во 21. минута.

  • Извештај од натпреварот: 

Ференцварош има огромни 11 бода предност пред Видеотон и теоретски веќе следниот викенд може да ја слави титулата.

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски го започна процесот на рехабилитација по операцијата пред две недели.