Николов и Адеми ќе се борат за Куп-титулите во Унгарија и Хрватска

Македонските репрезентативци Бобан Николов и Аријан Адеми имаа успешни настапи со своите екипи во Куповите.

Николов ги бранеше боите на Видеотон на гостувањето кај Дебрецен и се враќа со голема победа кај ривалот (0-3). Македонецот се најде во стартниот состав и беше важен дел од „срцето“ во средниот ред.

Динамо Загреб, пак, на домашен терен славеше со 2-0 (1-0) над Осијек и дојде до мечот за трофеј. Адеми исто така беше во стартниот тим и со капитенската трака на раката ги предводеше хрватските „модри“ до триумф кој ги отвора портите за „двојна круна“.

Динамо Загреб во финалето од Купот ќе игра против Интер Запрешиќ или Ријека, додека Видеотон ќе се соочи со Хонвед или Сороксар.