• Горан Упале

Екипата на Вардар во вистински момент го отвори резултатот на гостувањето кај Брегалница во Штип и поведе со 0-1.
По неколкуте шанси на домаќините, во 24 минута шампионот од првата вистинска можност за погодок дојде до посакуваното водство. По еден отпадок, поранешниот репрезентативец Бобан Николов биеше од тешка позиција, од свртување, и ја смести топката во посакуваната цел.
Голот на искусниот играч за врска донесе многу радост кај вардаровите фудбалери, но не и кај самиот Николов, кој покажа почит кон матичниот клуб и како роден штипјанец не прослави во свој стил.






