Николоски: Мои деца – лавови, покажавте дека не е сѐ во парите!

Прилепска Победа дојде до џиновска победа над ГФК Куманово (2-1) и со овој триумф опстана во Втората македонска фудбалска лига. Тимот се бореше со многу потешкотии, што го прави тренерот Јане Николоски особено горд.

До опстанокот Победа дојде до деца-тинејџери претежно од Прилеп. Иако немаат примено плата повеќе месеци, тие успеаја да го спасат клубот. Се очекуваат подобри денови за Победа...

„Деца, вие не сте деца, вие сте лавови. Покажавте како треба да се сака Победа и Прилеп. Некогаш во животот не е се во материјалното, тоа го покажавте во овие изминати месеци, Господ да е со вас секогаш и секаде и капа до под за сите вас. Денес сум најгорд тренер на светот, ви благодарам“, напиша Николовски.

Победа е неколкукратен првак на Македонија, а исто така е и поранешен освојувач на Купот на Македонија и претставник во европските купови.