• Иван Димовски
Летонската фудбалска репрезентација загуби на гостувањето во Скопје од Македонија (1-0) во петтата рунда од групната фаза на Лигата на нациите.
Гостинската селекција беше инфериорна и во подредена улога во текот на целиот натпревар. По натпреварот на средбата со новинарите своето гледиште го сподели селекторот Паоло Николато, кој кажа:
„Првата работа која морам да ја кажам е дека сум разочарам од моите играчи. Генерално во оваа Лига на нации требаше да покажеме нешто повеќе. Денешната средба беше солидна за нас, но игравме против квалитетен противник“.
Македонија го обезбеди првото место во групната фаза, па во последното коло против Фараните треба да затвори мирно и да нападне уште еден триумф.
Средбата меѓу Македонија и Фарски Острови се игра в недела од 15:00 часот.