• Иван Димовски

Николас Пепе направи глупост и во дуелот на Арсенал и Лидс кој заврши без голови (0-0) и со тргна со глава да го удри Езџан Алиоски. Македонскиот фудбалер мудро падна и изнуди црвен картон, па „топџиите“ мораа да се снајдат со десетмина до крајот.
Овој момент предизвика бројни реакции во Англија и низ Европа, а неколку денови по инцидентот, Пепе упати јавна порака на извинување до фановите.
„Јас го оставив тимот на цедило во клучен момент од натпреварот со Лидс и нема оправдување за моето однесување. Многу ми е жал и сакам да им се извинам на фановите, соиграчите, тренерите и сите во клубот“, напиша Пепе.
Крилниот играч на Арсенал со глава го удри Алиоски, а иако истиот немаше преголем интезитет по преглед на снимката арбитрот во 50. минута го исклучи Пепе.