Никола Величковски замина од Брера и разгледува понуди

Младиот македонски напаѓач и репрезентативец на Македонија, Никола Величковски, во новата сезона ќе има нов клуб затоа што си замина од редовите на Брера Струмица.

20-годишниот фудбалер имаше солидна сезона на личен план, на 28 натпревари постигна вкупно седум гола со уште една асистенција и беше еден од постандардните играчи во составот од Струмица.

По испаѓањето на Брера од прволигашкото друштво, Величковски ќе тргне во нов предизвик. За напаѓачот има интерес од клубови од Македонија и од странство, па допрва ќе видиме каде ќе ја продолжи својата кариера.

Величковски кој е класичен центарфор, во кариерата покрај за Брера Струмица, настапуваше и за Македонија ЃП, Работнички и Вардар во Македонија, а беше дел и од Септември Софија во Бугарија.