Никола Величковски замина на прв интернационален предизвик

Капитенот на Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 19 години, Никола Величковски замина од Македонија Ѓорче Петров за својот прв интернационален предизвик. 

Младиот 18-годишен напаѓач потпиша договор со Септември Софија, клуб кој од следната сезона ќе игра во бугарската елита. Величковски веќе беше промовиран во новата средина и ја задолжи клупската опрема на Септември. 

Станува збор за момче кое потекнува од фудбалската школа на Вардар. Величковски во јануари минатата година се пресели во Работнички, а потоа летото направи трансфер во Македонија Ѓорче Петров. 

Изминатата сезона во ПМФЛ младиот Величковски одигра 28 натпревари на кои даде четири гола и запиша две асистенции.