• Иван Димовски
Никола Величковски се сели во Албанија, каде што ќе заигра за екипата на Скендербег.
Младиот напаѓач продолжува во Суперлигата на оваа земја и веќе беше промовиран во новиот клуб. За Величковски ова е втор интернационален предизвик, откако претходно беше дел и од Септември Софија.
Кариерата на Величковски тргна во Вардар каде што беше промовиран и во сениорскиот тим. Потоа беше дел од Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Брера Струмица каде што настапуваше минатата сезона. Во својата кариера тој собра 62 настапи во ПМФЛ и постигна 11 погодоци, а забележа и три асистенции.
Сега пред Величковски е нов предизвик во албанскиот фудбал, во екипата која е повратник во елитата.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.
