Никола Величковски го замени Вардар со Работнички

Младиот македонски репрезентативец Никола Величковски има нов клуб и ќе игра во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

17-годишниот напаѓач реши да го напушти Вардар и да го замени за Работнички. Дебармаалци важат за клуб кој им дава шанса на младите играчи, а Величковски важи за голем потенцијал во мак-фудбалот.

Под водство на Бобан Грнчаров, Величковски доби шанса да заигра во првиот тим на Вардар и да ги постигне првите сениорски голови. Беше дел од составот и во вечното дерби против Пелистер во Купот на Македонија.

За Величковски, Работнички ќе биде вториот клуб во професионалната кариера.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.