• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов имаше одличен натпревар за МОЛ Фехервар и обезбеди место во тимот на колото во унгарскиот шампионат.
Серафимов е еден од најдобрите стопери во лигата, а се истакна на натпреварот против Хонвед на гостински терен, каде МОЛ Фехервар победи и не прими гол (0-1).
Со оваа победа МОЛ Фехервар ја прекина кризата на домашната сцена и моментално го зазема седмото место во ОТП Банк лигата.