• Иван Димовски
Македонскиот репрезентативен стопер Никола Серафимов останува во редовите на МОЛ Фехервар. 24-годишниот дефанзивец е еден од најстандардните фудбалери во унгарскиот колектив, па не треба да изненади продолжението на соработката.
Клубот преку својот веб-сајт се пофали за новиот договор со Серафимов, но не е откриено колку истиот ќе трае. Самиот фудбалер е пресреќен за соработката со Фехервар.
„Дојдов во клубот пред две години. Првата сезона не мина според планот. Потоа во следната работите се сменија на позитивно. Нашиот тим ги достигна целите бргу. Многу сум среќен за продолжувањето на договорот. Ќе можам да продолжам да се борам за клубот и во иднина“, изјави стоперот.
Во својата кариера Серафимов настапуваше за Вардар, Пелистер, Брегалница, Јихлава, Брера и Залаегерсег пред да прејде во Фенервар во 2022 година. Дефанзивецот се наметна и во репрезентацијата на Македонија, за која запиша 14 настапи.