• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов е дел од унгарскиот шампионат, но би можел да се пресели во Хрватска од каде постои интерес за неговите услуги.
За 23-годишниот стопер се распрашува Осијек кој го сака во својот тим. Серафимов моментално е дел од унгарски МОЛ Фехервар, а со тимот има договор до јуни 2025 година и двата клуба ќе мора да најдат заеднички јазик ако екипата од ХНЛ-лигата го сака во ростерот.
Според „Трансфермаркт“, вредноста на Серафимов е 600.000 евра. Во актуелната сезона македонскиот стопер одигра 14 натпревари на кои успеа да постигне еден погодок.
Серафимов, кој има пет настапи за сениорскиот тим на Македонија, во Унгарија игра од 2021 година кога од Академија Пандев премина во ЗТЕ, а потоа потпиша со МОЛ Фехервар. Во кариерата тој беше дел и од Јихлава-Б од Чешка, Вардар, Брегалница и Пелистер.