• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов го постигна првенецот за МОЛ Фехервар оваа сезона во рамки на второто коло, во мечот против ДВТК.
И тоа на супер-начин, по само 38 секунди игра, што е најбрзиот гол во унгарскиот фудбалски шампионат сезонава. По еден изведен корнер, Серафимов најдобро се снајде во казнениот простор.
Серафимов е првотимец во МОЛ Фехервар и остана во Унгарија, иако се пишуваше за негово заминување во друга екипа.