Никола Секулов за два милиони евра оди во Сампдорија кај Пирло

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, а сегашен член на „аѕурите“, Никола Секулов, ќе игра во Серија Б каде ќе го носи дресот на Сампдорија.

22-годишниот Секулов, чии родители се од Струмица, беше дел од младинските погони на Јувентус, а одигра и еден натпревар за Кремонезе како позајмен. За него интерес покажа Сампдорија која е предводена од Пирло и направен е договор до 2028 година.

Трансферот од Јувентус во Сампдорија ќе чини два милиони евра. За Секулов, Сампдорија ќе биде прва сериозна можност во сениорскиот фудбал да ги покаже своите можности по настапите за У23-тимот на Јувентус.

Секулов беше дел од У17-репрезентацијата на Македонија, но поради несогласувања и проблеми со селекторот и раководните лица на Федерацијата реши да се откаже од македонскиот пасош и во иднина да игра за Италија.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.