• Мартин Танасковски

Никола Секулов, поранешниот македонски репрезентативец, а сегашен член на „аѕурите“, ќе биде во првиот тим на Јувентус за дербито против Интер кое во рамки на Серија А ќе се игра во ова коло.
Секулов со добрите игри во Примавера се препорача кај тренерот Масимилиано Алегри кој има повреди во средниот ред и реши да му даде шанса на 21-годишниот плејмејкер кој настапува во средниот ред.
Секулов се водеше под Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) поради настапите во младинските категории, но пред нешто околу четири години почна да игра за У17-репрезентацијата на Италија, поради одредени проблеми со челниците на мак-фудбалот.
Младиот фудбалер роден во Пјаченца потоа написмено се откажа од Македонија и правно направи промена на федерациите, па затоа се води како фудбалер на Фудбалската федерација на Италија. Од нашата фудбалска централа во минатото објавија дека Секулов цело време добивал повици во 2018 година, но одбил да ги прифати.