Никола Секулов и Сампдорија го допреа дното, испаднаа во Серија Ц!

Поранешниот италијански шампион, Сампдорија, сигурно не ги живее најсветлите моменти во историјата, откако официјално испадна од Серија Б и следната сезона ќе се натпреварува во третата лига на „чизмата“. 

Сампдорија порано важеше за силен клуб со одлични играчи (освојувач на Купот на победниците на куповите во 1990 година), но во последно време работите воопшто не се одвиваат како што треба. Во последниот меч сезонава тимот од Џенова ремизираше со Јуве Стабиа (0-0) и на тој начин остана со 41 бод, недоволно за задржување на второлигашкиот статус. 

По натпреварот играчите отидоа да се поздрават со навивачите, но наидоа на отпор, свирежи и протести од најверните поддржувачи. Меѓу играчите кои се дел од Сампдорија е и Никола Секулов, поранешен македонски фудбалски репрезентативец со потекло од Струмица кој потоа одбра да игра за Италија.

23-годишниот Секулов е на позајмица во Сампдорија, а за тимот одигра 18 меча на кои постигна еден гол.

Шампион во Серија Б оваа сезона е екипата на Сасуоло, а пласман во Серија А обезбеди и Пиза, каде тренер е славниот Филипо Инзаги.