Никола Карчев ќе го води Тетекс до крајот на сезоната

По вчершната оставка на тренерот Горазд Михајлов, Тетекс мораше експресно да назначи негов наследник, бидејќи веќе во вторник следи вонредно коло во ВМФЛ.

Досегашниот негов помошник Никола Карчев ќе ја преземе клупата на тимот од Тетово до крајот на сезоната.

Тетекс иако имаше реални шанси да се пласира во ПМФЛ по трите порази во серија (последен вчера во Гостивар со 4-1) си ја искомплицира ситуацијата и заостанува на табелата.