Никола Јакимовски продолжува во Грција, потпиша со Лариса

Македонскиот интернационалец Никола Јакимовски ја напушти Италија и својата кариера ќе ја продолжи во Грција каде ќе го носи дресот на прволигашот Лариса.

Јакимовски настапуваше во третолигашкото друштво на „чизмата“, но реши да направи промена. Наредна станица ќе му биде тимот од Лариса, кој моментално се наоѓа на 11. позиција во грчката Суперлига.

На клупската интернет-страница стои дека е постигнат договор меѓу двете страни, а остануваат уште медицинските прегледи кои ќе бидат извршени во наредните часови.

Напаѓачот настапуваше во Италија од 2015 година и ги носеше дресовите на Бишеље, Винченца, Беневенто, Бари, Комо и Варезе, а беше дел уште и од српски Јавор и Јагодина, јапонска Нагоја, Ференцварош, Македонија ЃП...