ВИДЕО: Никола Јакимовски атрактивно му даде гол на лидерот ПАОК

Македонскиот интернационалец Никола Јакимовски успеа да постигне гол во дресот на АЕЛ Лариса, прв за него по трансферот во Грција и тоа во натпреварот против лидерот ПАОК.

Натпреварот во Лариса заврши без победник (1-1), а виновник за тоа е токму нашиот фудбалер. ПАОК имаше предност преку Пелкас во 55. минута, додека Јакимовски стрелаше во 64. минута од мечот по асистенција на Нуниќ.

  • Голот на Јакимовски против ПАОК:

ПАОК останува на врвот и е единствениот тим во Грција без пораз, додека АЕЛ Лариса на Јакимовски се наоѓа на десеттото место во грчката Супер лига.