Никола Илиевски - Џиџи ќе го води ГФК Охрид

Екипата на ГФК Охрид ќе има нов тренер, а на клупата седнува Никола Илиевски - Џиџи, поранешниот селектор на Македонија кој има 69 години.

Последен ангажман на Џиџи беше работата во Вардар и во екипата на Кадино, а на клупата на охриѓани доаѓа на местото на Александар Толевски. Џиџи ќе биде дел од клубот во следната сезона во ВМФЛ.

Тренерот низ кариерата работеше и во Ренова, Металург, Победа, Скопје, Љуботен... на домашната сцена, а во странство ги водеше Целје од Словенија, Валчеа од Романија, Билиш Балиш од Албанија, Персијап од Индонезија.

Покрај што беше селектор на Македонија, Џиџи беше селектор и на Бангладеш.