Никола Ѓорѓев по најдобрата сезона заминува од Арау

Македонскиот фудбалски интернационалец Никола Ѓорѓев во новата сезона ќе има нов клуб, затоа што си заминува од Арау.

27-годишникот ја имаше најдобрата сезона во кариерата, со осум гола и уште 12 асистенции во сите конкуренции, но најави дека заминува од клубот. Арау играше бараж за место во најдобрата швајцарска лига, но испадна од Грасхоперс.

Ѓорѓев беше во Арау од 2022 година, а претходно настапуваше за Грасхоперс, Шафхаузен, младинскиот тим на Цирих, како и холандски Твенте.