• Горан Упале

Младинскиот репрезентативец, Никола Ѓорѓев, кој го постигна еден од најубавите голови на штотуку завршеното младинско Европско првенство во Полска, од денес и официјално е претставен како нов фудбалер на Твенте.
Nikola Gjorgjev naar FC Twente. De 19-jarige aanvaller wordt komende twee jaar gehuurd van Grasshopper. #fctwente pic.twitter.com/6qrQfa29BK
— FC Twente (@fctwente) July 9, 2017
19-годишниот крилен напаѓач во редовите на поранешниот холандски шампион ќе мине на двегодишна позајмица од Грасхоперс, со можност доколку ги задоволи вкусовите на стручниот штаб, да биде потпишан комплетен договор.
За Ѓорѓев ова ќе биде само вториот клуб во својата кариера, бидејќи од најмала возраст е член на швајцарски Грасхоперс.